високопритисни

4SR 4“ потопни пумпи

Професионални потопни пумпи со дијаметар од 4“, погодни за употреба со чиста вода и течности со песок или нечистотии до 150 грама во метар кубен.
Високата ефикасност и прилагодливост овозможува употреба во било какви услови, како што се наводнување, системи за зголемување на притисок, противпожарни системи и слично. Професионалниот дизајн на силното тело и моторот потопен во масло овозможуваат потопување до 100 метри длабочина.

PLURIJET 80-90-100-130-200 Високопритисни пумпи

Тивкото работење, постојаноста и малата употреба на енергија ги прави вакумските пумпи од типот “PLURIJET” препорачливи за системи за наводнување или цивилни употреби каде што има потреба од големи притисоци. Нивниот дизајн овозможува да се употребуваат дури и ако има воздух во системот. Може да се користат во комбинација со системи за регулација на притисок, и станици за зголемување на притисокот.
Погодни за употреба со чиста вода и течности кои не се хемиски агресивни кон материјалите од кои е направена пумпата.

2CP Пумпи со двојни перки и комори

Високата ефикасност и приспособливост дури и во најневообичаени услови, ги прави пумпите од овој модел идеални за употреба во земјоделски, индустриски и домашни потреби. Се користат и во комбинација со системи за зголемување на притисок, при големи должини на текот, како и за противпожарни станици.
Погодни за употреба со чиста вода и течности кои не се хемиски агресивни кон материјалите од кои е направена пумпата.