PLUVIO Лента - тенко црево со вградени капалки

PLUVIO Лента - тенко црево со вградени капалки
ДЕБЕЛИНА НА ЅИДРАСТОЈАНИЕ МЕЃУ КАПАЛКИКАПАЦИТЕТ
6 mil25 cm1,6 | 2 | 3 l/h
6 mil30 cm1,2 l/h
6 mil33 cm1,6 l/h
8 mil25 cm1,6 | 2 l/h
8 mil33 cm1,6 | 2 l/h
8 mil50 cm2 l/h
8 mil60 cm2 l/h

Земја на потекло: Италија

Производител: ATP - Advanced Plastic Techologies

ШАНДУЛ како единствен генерален и овластен застапник за територијата на Р. Македонија ви го претставува PLUVIO

PLUVIO е лента (или трака) за наводнување произведена со тенко и флексибилно црево и со вградени капалки на претходно определени растојанија кои може да бидат од 15см, 20см ... се до 150см. 
Направена е од полиетилен со најдобар квалитет, што гарантира максимална издржливост и најдобри перформанси при механички оптоварувања.
Капалките, кои се патент на ATP, се внесуваат при самата екструзија на цревото, со што спојот помеѓу нив е 100%. Внатрешните воздушни комори на капалката овозможуваат голема регулација на притисокот на водата, а нивниот специјален дизајн да бидат поголеми го намалува затнувањето и таложењето на нечистотии. Најмногу од се, ваквиот дизајн ги намалува загубите на вода и овозможува поставување на системи со поголеми должини и стандарден капацитет.
PLUVIO е најдоброто и најсоодветното решение за надземно и подземно наводнување ’капка по капка’ што може да се користи на секаков вид на култури, почнувајќи од овошни насади со интензивни потреби на отворено, сите типови на зеленчук и градинарски култури, па се до хортикултурно уредување и цветни градини. Различните дебелини во кои е достапно ова црево и различните растојанија помеѓу капалките овозможуваат примена во секакви услови.