потопни

TOP и VORTEX потопни дренажни пумпи за валкана вода

Потопни пумпи погодни за употреба во домашни или индустриски услови каде што течностите како валкана вода од поплава, исцедоци или отпадни води од канализација или слично содржат цврсти материјали со дијаметар до 50мм. Погодни се за празнење на резервоари или поплавени простории, како и подземни гаражи, канали или септички јами. Може да се користат со системи за автоматизирана работа.

4PD 4“ мотори за потпни пумпи

Професионални мотори со дијаметар од 4“ за потопни пумпи. Со намотки потопени во масло, овозможуваат потопување и користење на длабочини од 200м.

4SR 4“ потопни пумпи

Професионални потопни пумпи со дијаметар од 4“, погодни за употреба со чиста вода и течности со песок или нечистотии до 150 грама во метар кубен.
Високата ефикасност и прилагодливост овозможува употреба во било какви услови, како што се наводнување, системи за зголемување на притисок, противпожарни системи и слично. Професионалниот дизајн на силното тело и моторот потопен во масло овозможуваат потопување до 100 метри длабочина.

4BLOCK 4“ едноделни потопни пумпи

Потопни пумпи спремни за инсталација, направени во едноделно тело од не’рѓосувачки челик. Комплетирани со мотор со вграден кондензатор и биметал за термичка заштита, како и 20 метри кабел за напојување. Погодни се за пумпање на чиста вода од бунари или дотоци на вода со содржина на песок до 150 грама во метар кубен течност. Се користат за домашни апликации и системи за наводнување на земјоделски површини.